домаВистина ЕВИСТИНА Е - Вистината за признавањето на МПЦ ОА Јустинијана Прима

ВИСТИНА Е – Вистината за признавањето на МПЦ ОА Јустинијана Прима

Во ова издание на Вистина Е, архиерејот на МПЦ надлежен за односи со другите цркви, или во политички жаргон – шефот на дипломатијата на МПЦ, ги разјаснува шпекулациите и некомпетентните толкувања на околностите. Користени се изјави од интервуто за Аргумент плус на ТВ 24. Цариград, за свое добро, треба уште утре да даде безусловен Томос за Македонската Православна Црква, што побрзо-тоа подобро, со какво име што сака, па дури и со новото име, со кое државата е впишана во Обединетите Нации. Во интервју за Аргумент Плус на Телевизијата 24, претседателот на Комисијата за односи на МПЦ со другите цркви, митрополитот Петар вели дека Цариград бил тој што постојано ја упатувал Македонската Црква да бара Томос од српската, веројатно мислејќи дека такво нешто е невозможно да се случи. За владиката Петар, афтокефалноста на МПЦ во моментов е најмалиот проблем во Православието, споредено со нарушената соборност меѓу Цариград и Москва, која ја спореди со големата шизма од 1054 година, и која се рефлектира на односите меѓу сите помесни цркви, па дури и врз монасите од некои грчки манастири на Света Гора кои поради тие причини не сослужуваат и не општат меѓу себе. Претходно, зборувајќи пред високи претставници на бугарскиот дипломатски кор во Македонија, за Панихидата за војниците од Првата Светска Војна во битолско Цапари, владиката Петар рече дека на земјите од Балканот кои гледаат заедничка перспектива во Европа им е потребна заедничка „дипломатија на мудроста“. А вистината е дека Македонската Православна Црква, исто како и македонскиот народ и државата Македонија – постои, а кој кога, на каков начин и по кој редослед ќе го прифати овој вистинит факт се само историски нијанси.

Ден 18 април 2025

00:01:17