Железник е планински крај, познат под турското име Демир Хисар. На исток граничи со Крушевско, на југ со Битолско-Прилепско Поле и со Преспа, на запад со Дебарца, а на север со Кичевија. Се дели на Горни и Долни Железник. Горни 124 и територијално се Железник е познат и под името Краста надоврзува на Кичевија, а Долни Железник на Битолско Поле. Составот на населението го сочинуваат главно Македонци. Од слабите економски можности населението било приморано да ја бара својата егзистенција далеку од својот крај.
За време на Илинденското востание целиот овој крај бил опожарен и опустошен, така што голем дел од населението се иселило во разни балкански краишта.
Во поглед на женската носија забележливи се две влијанија. Првото, носијата во Железник се надоврзува на носијата од Кичевија, а второто-на носијата од Битолско Поле.
Женската носија во Железник ја сочинуваат: кошула, гушале, ракавчиња, саја, клашеник, гуна, чорапи, калци, сокај, убрус, тулбен, накит, скутник и појас.
Кошулата е изработена од бело домашно конопно или памучно платно, со везбена декорација распоредена на ракавите, предниците со корилот и долниот околен дел “околежот”. Според везачките техники се разликуваат неколку вида кошули: грабе- ни”, “пишувани“, „лозени“ и „крстатни“, а според колоритот: “црнети”, “алени” и “жолти”. Црните и алените се сметаат за најстар вид.
Гушалето е правоаголно парче платно за покривање на предниот граден дел од кошулата. Украсено е со дискретен вез и разнобојни ситни мониста.
Ракавчиња или нараквици се плетени полуракави, со должина од шаката до лактите. Најстарите биле плетени од црвена волна, а поновиот вид ракавчиња се изработувале од платно.
Саја е горна безракавна облека од бело, ткаено памучно платно, долга до колковите. На неа се пришиени платнени ики клашнени ракавчиња.
Клашеник- горна невестинска безракавна облека.
Гуна е горна невестинска безракавна облека од црна клашна. Во некои села, наместо гуна се носела ќурдија. Таа била иста по боја, крој и функција како гуната.
Чорапите се волнени и плетени, орнаментирани во комбинација на алова, ѓувезна и жолта боја.
Калци се волнени плетени получорапи (од глуждовите до под колена), во долниот дел богато орнаментирани, а во горниот дел плетени само со бело.
Сокајот е специјално невестинско покривало за на глава, целиот везен,со мешанки“ и „ковченчиња“, украсен со мониста, „жабки”, пари “жолтаци” и реси. Врз сокајот се поставувало „кревало” – “прости венци” од босилек и малку “ржаница” исправено над челото, а над него „околен венец” од босилек. Во составот на невестинската носија се здржал до последните децении на минатиот век.
Убрус е долга правоаголна крпа, вид невестинско покривало за на глава. На двата краја се пришиени ткаени орнаментирани делови на црвена основа, на страничните рабови поткитени со долги црвени реси, извезен е со црвено и црно. На денот на свадбата се носел под гуша, со зафрлени краеви преку рамената, поради што се викал и „прекурамник”.
Тулбен – тенка бела шамија, украсена со жолти монистра.
Од накит се носеле – сребрени „пафти”; “копец” со “шестаци” и „алтилоци“.
Скутникот е ткаен и носен во два вида. Опрегач е секојдневна скутина, составена од две вертикални дипли, со хоризонтални шарки. Забележителни се жолта и ѓувезна боја. Вториот вид на скутник го носи името чултар. Орнаментиран е под влијание на Битолско Поле.
Појасот е плетен од црна волна и е прилично долг.
