домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Жалфија / Gugutka Guga - Zalfija

Гугутка Гуга – Жалфија / Gugutka Guga – Zalfija

Жалфијата е мало повеќегодишно грмушесто растение со задрвенето стебло, сивкасти листови и сини до розови цветови. Потекнува од Средоземниот регион.
Жалфијата се култивира како зачинска и медицинска билка. Ова растение е познато и од делови на Европа, особено на Балканскиот Полуостров, каде служи за добивање на етерични масла.
Латинскиот назив на целиот род Salvia потекнува од латинскиот збор „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2000 години ја ценеле и ја користеле за лечење.

Од жалфијата се користи исклучиво листот. Најлековит лист се добива кога жалфијата почнува да цвета, а тоа е најчесто во мај. Листот се бере, се суши и се чува внимателно. Главната лековита состојкка на листот од жалфија е испарливото миризливо етерично масло, што е содржано од 1,5 до 2,5%. Лековитоста на листот потекнува од танинот. И горките материи во жалфијата делуваат лековито.
Жалфијата е дел од големиот број лекови кои се употребуваат за плакнење на устата и грлото, бидејќи содржи корисни и безопасни средства кои ја зајакнуваат слузокожата (танинот) и делуваат антисептично (етеричното масло).
Пред откривањето на антибиотиците, жалфијата со векови била користена во форма на чај против потење кај болните од туберкулоза, бидејќи го намалува лачењето на потните жлезди. Чајот и другите лекови направени од жалфија се користат и за јакнење на организмот.

Таа го подобрува имунитетог, меморијата, ја ублажува кашлицата, бронхитот, делува на воспаленијата на уринарниот тракт, помага при надуеност и го подобрува апетитот. За сето ова, најдобро е да се конзумира како чај. Се подготвува вообичаено: една лажичка суви, мелени листови од жалфија се вријат со 200-250мл вода, 5 минути. Се остава да отстои уште 10 мин, се лади и се пие.
Етеричното масло од жалфија се користи за габични инфекции, гној и рани, псоријаза, изгореници, смрзнатини.
Советите од народната медицина не се замена за стручен лекарски совет.

Ден 18 април 2025

00:01:17