домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Занаетчии - Шапкар Петар

Гугутка Гуга – Занаетчии – Шапкар Петар

Занаетчии – Шапкар Петар

Сопственици се Злате и Илчо Трајковски

Соговорник: Илчо Трајковски

“Шапкар Петар” е дуќан во Старата Скопска Чаршија, кој постои од 1922година. Со него сега раководат браќата Злате и Илчо Трајковски. Пред нив раководел нивниот татко, а пред него, нивниот дедо.

Тука ги изработуваат сите видови на шапки. И летни и зимски. Изработуваат шапки и за најмало дете и за возрасен човек.

Имаат повеќе од 40 модели на машки шапки. Женски модели околу 80. Имаат 25 модели на качкети. Се распределуваат по боја, по големина, по материјал на изработка. Во пракса им е секоја година да изработат на број повеќе од потребното.

За рачно да се изработи еден шешир, потребно е половина ден. За еден ден изработуваат два шешири. За качкет, времето на изработка е значително помало – околу половина час за еден качкет.

Материјалите со кои работат се природни. Морски алги и слама за шеширите, а за другите шапки се употребуваат и памук, лен и волна.

Златната доба за овој занает сметаат дека била за време на Југославија. Тогаш биле достапни за сите држави кои ја сочинувале Југославија. Занаетчиството во Македонија било многу развиено и производите биле многу квалитетни, па затоа биле и многу барани. Тогаш, подеднакво купувале и мажите и жените. Сега, побарувачката е поголема од жените.

Ден 18 април 2025

00:01:17