домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - ТУТУН

ГУГУТКА ГУГА – ТУТУН

Тутунот е од родот на кратколисни растенија од фамилијата зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка.
Тутуновото семе се расејува по површината на почвата, бидејќи тоа ‘рти на светлина. Во колонијална Вирџинија, насадите се ѓубреле со дрвен пепел или животинско ѓубриво (често коњски измет во прашок). Потоа насадот се покривал со гранки за заштита на фиданките од мраз. Вака, тие се оставале да растат до април.
Денес во САД, за разлика од другите земји, тутунот се ѓубри со минерален апатит со цел растението да се изгладни за азот, што ја менува аромата на тутунот. Ова (заедно со употребата на сладунец и други адитиви) го објаснува поразличниот вкус на американските цигари од оние од други земји.
Откога растенијата ќе достигнат одредена големина, тие се садат во поле. Ова првобитно се изведувало со правење на дупка во изораната земја со колче, по што малото растение се сместувало во таа дупка. Во доцниот 19 и раниот 20 век е конструирана е различна механизација за автоматизација на оваа постапка, имено отворање на бразди, ѓубрење и поставување на растението во неа – сето наеднаш.
Тутунот може да се бере на два начина. Според најстарата метода целото стебло се сече со закривен нож. Во XIX век, светлолисниот тутун почнал да се бере лист по лист, од долу, нагоре како што зреат листовите. Така стеблата доживуваат неколку берби (кинења) пред да бидат конечно обрани. Вака листовите се ставале на санки кои ги влечеле мулиња. Подоцна за оваа намена почнале да се користат трактори, кои ги превезувале листовите до направата т.н. „нижачка“.
Некои земјоделци користат трактори со приколки (берачки) каде качените работници ја делат работата на кинење, нижење и врзување на тутунот.
Исечените растенија или набраните листови веднаш се пренесуваат во амбари за тутун каде тие се сушат. Методите на сушење зависат од видот на тутун, и затоа амбарот е соодветно конструиран во зависност од тоа. За воздушно сушење тутунот се обесува во добро проветрени амбари и се чека неколку недели за тој да се исуши. За сушење на оган пак, тутунот се обесува во големи амбари каде се одржува оган од тврдо дрво кој тлее. Кај сушењето на пламеник (оџак и сл.) тутунот првобитно се нижел на стапови, кои потоа биле обесувани во амбари. Овие амбари имаат пламеници кои водат од надворешно полнети ложишта, така сушејќи го тутунот со топлина без негово изложување на чад. Сушењето и подоцна, одлежувањето на тутунот дава бавна оксидација и разложување на каротеноидите во листовите. Ова прави извесна смеса во тутунот и дава арома слична на сено, чај, розово масло, или пак овошна арома која игра улога во „глаткоста“ на пушењето. Скробот се претвора во шеќер што ги глицира белковините и оксидира во виши крајни производи на гликацијата, процес на карамелизација кој исто така додава вкус.
Откога тутунот ќе се исуши, тој се пренесува во склад за понатамошна дообработка. Ако тој бил во гранки, сега се вадат листовите. Потоа листовите се сортираат и се складираат според тоа. Тутунот порано се продавал во „фатки“, додека денеска највеќето тутун се балира пред продавање.
Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесно поврзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат на концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите.
Долготрајното пушење со себе носи ризици за развој на разни ракови и срцеви удари, како и тешки кардиоваскуларни и дишни болести.  Пушењето може да доведе и до значително пократок живот.  Многу земји имаат забрана за пушење со цел за намалување на потенцијалната штета врз здравството како резултат на пушење тутун. 

Ден 18 април 2025

00:01:17