Непосредно пред смртта, еден татко ги повикува трите сина и на едниот му дава петел, на другиот коса, а на третиот мачка, велејќи им да заминат по светот и да пронајдат земја во која луѓето не слушнале за нивните работи. Првиот син скитал низ светот, но секаде имале видено петел. Најпосле, тој пристигнал на еден остров каде луѓето не знаеле што е тоа петел. Тој им кажал дека благодарение на петелот ќе можат да го определат времето. Луѓето го купиле петелот за еден товар злато и синот се вратил дома. Тогаш, вториот син тргнал да си ја бара среќата. И тој одел насекаде сè додека на пристигнал на некој остров каде луѓето не знаеле како да го соберат житото. Тој почнал да коси и жителите му ја побарале косата, нудејќи му еден коњски товар злато. Така, и тој се збогатил и се вратил дома. Третиот син скитал низ светот со мачката и најпосле пристигнал на некој остров каде глувците насекаде се шетале слободно. Тој ја пуштил мачката во кралската палата и таа ги уловила глувците, па кралот му понудил многу злато во замена за мачката. Синот си заминал дома богат и среќен.
Со вистинска идеја, за секого има среќа.
