домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СИМЕОН ГУГУЛОВСКИ

ГУГУТКА ГУГА – СИМЕОН ГУГУЛОВСКИ

Симеон Гугуловски е роден во 1941 г. во СолунЕгејска Македонија во галичко печалбарско семејство, кое потоа се сели во Скопје. По завршувањето на основното образование, се запишал на Средното музичко улилиште, а навечер настапувал во познатата кафеана „Кермес“.

По третата година музичко образование, Гугуловски заминал во Љубљана, каде го завршил одделот за пеење. Студирал на Педагошкиот факултет во Љубљана и работел како професор по музичко образование. Потоа, се запишал на Музичката академија во истиот град и магистрирал.

Од 1973 до 1977 г. бил солист во Љубљанската опера.

Во 1978 г. преминува во Операта при МНТ во Скопје и таму работи до крајот на животот.

Гугуловски исполнил преку 20 главни и многу споредни улоги во својата кариера од светското и домашното оперско творештво. Покрај настапите на разни места во Југославија, гостувал во повеќе странски земји како БугаријаЧешкаИталијаГерманијаПолска и Словачка.

Ги имал улогите на:

Дон Хозе во Кармен;

Исмаел во Набуко;

Алфред Жермон во Травијата;

Дон Карлос во Дон Карлос;

Канио во Палјачи и уште многу други.

Има отпејано многу македонски песни меѓу кои најпознати се: Сѐ што сакам (Ти си некаде), Земјо македонска, Што грмеж грми, Бојот започна на Мечкин Камен, Стар бел дедо и други.

Симеон Гугуловски починал во Софија, на 13 август 1995 г.

Ден 18 април 2025

00:01:17