Селото Осој се наоѓа во Западна Македонија, во областа Мала Река, на падините на планината Стогово, на надморска висина од 900-1000 метри. Соседни села се Могорче од левата страна и Гари од десната. Селото Осој е дел од мијачките села по долината на Радика и Мала Река.
Името на селото веројатно настанало поради тоа што селото се наоѓа на осојно место[4] што е поради неговата местоположба на северната страна на планината Стогово.
Во селото се доселило дел од населението на соседното село Могорче, односно населението кое не прифатило да се потурчи, го напуштило Могорче и се упатиле кон селото Осој.
Како главна селска слава се одбележува Света Петка, при што секоја година на 8 август, селаните и иселениците од самото село организираат црковно-народен собор посветен на светицата.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 12 жители, од кои 9 Македонци, 2 Турци и 1 Србин.
Во селото постои споменик од Народноослободителната борба за борците од селото Осој, кои учествувале во борбата против балистите и другите окупаторски сили во Македонија во текот на Втората светска војна. Споменикот е посветен на борците: Косте Д. Трипуновски, Николе Б. Николовски, Јован Е. Таневски, Соколе Б. Таневски и Бибо Т. Дуковски. Бил поставен од страна на здружението од селото Осој во текот на 1981 година.
Доколку прошетате, во селото и неговата ококина можат да се забележат следниве места:
Цркви[13]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главната селска црква
- Манастир „Св. Петка“ — манастир
- Манастир „Св. Архангел Михаил“ — манастир
Археолошки наоѓалишта[14]
- Крст — археолошко наоѓалиште во близина на манастирот „Св. Архангел Михаил“
