домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СЕЛО ТРЕСОНЧЕ

ГУГУТКА ГУГА – СЕЛО ТРЕСОНЧЕ

Селата во Македонија

Тресонче

Селото Тресонче се наоѓа во срцето на планината Бистра, во западна Македонија, а е распослано по левата и десната страна на Тресонечка Река, која извира во непосредна близина на селото. Оддалечено е 22 километри источно од градот  Дебар.

Неговото име прво било Старо Село. За првпат се споменува во еден попис од 1467 година. Во тој период во Тресонче имало три христијански куќи. Раскажувањата на старите и пронајдените записи во турските дефтери сведочат дека во Тресонче низ вековите имало и до 300 куќи.

Првото училиште во селото е изградено во 1852 година, но со години пред тоа, образованието на жителите се вршело во селската црква или во манастирот „Св.Јован Бигорски“.

На западната страна на селото, пред самиот влез и во непосредна близина на храмот Свети Петар и Павле се наоѓа и црквата Свети Никола. Според преданијата и сеќавањата на старите луѓе, овој православен храм е изграден врз три латински гробови или светилишта, односно врз „тре санче“. На околу еден километар од Тресонче надолу по истоимената река се наоѓа месноста Света Петка каде исто така има едно мало црквиче посветено на таа светителка.

Овие три светилишта, односно „Свети Никола“, „Свети Петар и Павле“ и „Света Петка“, според едното толкување, го претставуваат толкувањето на името на селото „тре санче“ (три светци; т.е. Тресанче). Познато е од дијалектологијата дека самогласката „А“ на многу места во мијачкиот говор се заменува со „О“, па и оттука името на селото од Тресанче, станало Тресонче.

Според второто толкување името на селото е од глаголот „тресе“. Имено во минатото тресончани заминале по некаква одмазда низ Река и во Албанија, оти разбијничка банда на населението му нанело зулуми. Оттаму, велат, луѓето во тие реони трески ги треселе кога врвеле селаните од Старо Село.

Третата можност, која веројатно најточна е дека името Тресонче доаѓа од манастирот Трескавец, Прилепско. Имено, во некои стари записи се наведува дека атарот на селото во минатото бил имот на овој манастир и оти поради тоа Старо Село во средниот век го добило името Тресонче. Исто така, познато е дека по манастирот „Свети Јован Бигорски“, „Трескавец“ бил втор манастир по важност за тресончани, кои често го посетувале, го дарувале и го помагале, дури селските кметови (старешини) му носеле и годишен данок, некои велат, заради откупување на гревовите сторени во текот на годината од селаните.

Во сите мијачки села најразвиено било сточарството, па така било и во Тресонче. Освен со сточарство, тресончани се занимавале и со зографство, печалбарство, ѕидарство, резбарство, плетење, шиење (терзилак), ткаење итн. Имале една мала индустрија од воденици и валавници на брзите планински реки, каде самите го мелеле житото и правеле аба и други ткаенини за мијачката народна носија. Во овој дел биле сосема самостојни од другите делови на Македонија и на Балканот, а со добитокот и млечните производи уште повеќе ја истакнувале својата независност. Резбарството и зографството се посебни поглавја од историјата на Тресонче. Во минатото (особено во 18 и во XIX век) речиси немало куќа во Тресонче која не се занимавала барем со еден уметнички занает.

Личности родени во Тресонче:

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 16 македонци и 8 лица без податоци.

Доколку одите во посета на селото Тресонче, не заборавајте да ги посетите овие места:

Ден 18 април 2025

00:01:17