домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Селата во Македонија - Вељуса

Гугутка Гуга – Селата во Македонија – Вељуса

Селото Вељуса се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Поточно, тоа се наоѓа во северозападниот дел на Општина Струмица. Ова населено место во Струмичката котлина сместено во подножјето на планината Еленица, односно на допирот на подножјето со рамничарскиот дел на Струмичкото Поле веднаш по долот на реката Водочница кој претставува преслап меѓу планините Еленица односно Плавуш и Смрдеш. Од најблискиот град Струмица е оддалечено 11 километри.

Населбата е ридска на надморската височина од 330 до 360 метри. Има голем атар кој се издигнува на југоисточната падина на планината Смрдњш, каде се допира со просторот на ОПштина Василево.

Селото се граничи со Водоча, Белотино, Рич, Седларци, Ангелци, Варварица, Горни Липовиќ.

Селото Вељуса има многу долга и богата историска традиција уште од најраните древни времиња, а особено со изградбата на познатиот Вељушки манастир посветен на Пресвета Богородица Елеуса (Милостива) во раниот среден век во 1080 година (XI век) од каде селото го добило и своето денешно име. Постоењето на овој голем, значаени и знаменит манастир, влијаело Вељуса да се развива и опстојува како многу голема и значајна населба со бројно население и разни значајни установи. Доказ за ова, за големината и значењето на Вељуса во минатото, се записите за селото запишано како Велуша во турските пописни дефтери од XVI век, односно од 1570 година кога тоа припаѓало во рамки на Струмичката нахија во Ќустендилскиот санџак, при што тоа се делело на 6 маала од кои 5 маала биле христијански и ги носеле следните имиња: Тоде Пејо (49 семејства), Пејо Ковач (56 семејства), Димитри Продан (56 семејства), Киро Петко (70 семејства) и Киро Михо (70 семејства), а во едно маало живееле и 9 муслимански семејства.

Порано селото се викало Палеокастро, но откако била изградена црквата, посветена на Богородица Елеуса Милостива селаните кога доаѓале накај црквата викале: Одиме во Елеуса… Велеуса. Станува збор за народно предание, кое се смета и за најверодостојно. Манастирскиот комплекс во селото датира од 1080 година. Најстарите спомени пишувани за селото Вељуса потекнуваат од втората половина на XI век: 1080 година монахот Мануил, подоцна струмички епископ, во селото Вељуса подигнал манастир „Св. Богородица- Елеуса“. Во првиот историски споменик запишано е дека овој манастирски храм е посветен на св. Богородица- Елеуса. Тоа е грчки збор што во превод значи „милостива“. Вториот историски спомен потекнува од првата половина на XIV век; 1346 година, манастирот во Вељуса, српскиот цар Душан му ги потврдил правата на сопствеост на манастирот Ивер на Атос. Тогаш манастирот ја изгубил својата самостојност. Во турските пописни дефтери од 1570 година селото е запишано како Велуша

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 890 жители, од кои 802 Македонци и 88 лица без податоци.

Во селото Вељуса, постојат и функционираат основно училиште, пошта, амбуланта и дом на култура.

Во селото и околу него, можат да се најдат следните културни обележја:

  • Вељушки крст
  • Манастир “Св.Богородица”
  • Црква Успение на Пресвета Богородица
  • Евангелиско-методистичка црква
  • Споменик на паднати борци од Сремскиот фронт
  • Блатни пат, археолошко наоѓалиште од римско време.
  • Градиште, археолошко наоѓалиште од римско време.
  • Кастровица, археолошко наоѓалиште од средниот век.
  • Чифутка, археолошко наоѓалиште од хеленистичко време.
  • Чука, археолошко наоѓалиште од доцноантичко време.

Ден 18 април 2025

00:01:17