домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Селата во Македонија - ЦРЕШЕВО

Гугутка Гуга – Селата во Македонија – ЦРЕШЕВО

Црешево се наоѓа на североисток од Скопје односно оддалечено 15 километри од центарот на Скопје. Се наоѓа во подножјето на Скопска Црна Гора. На исток од Црешево се наоѓа селото Страчинци, на североисток се наоѓа Виниче, на северозапад е Булачани, на југозапад се наоѓа Смилковци, а на југ од Црешево е Стајковци.
Црешево е старо село кое се наоѓа на самото подножје на планината Скопска Црна Гора. Податоци за настанокот и од кој век постои селото не се познати. Се смета дека уште за време Римското Царство постоела населба која се наоѓала 3 км под селото и која се спомнува како Еленово.
За настанокот на селото постојат многубројни преданија и легенди. Едно предание гласи вака: Во дамнешно Турско во селото живеела една бабичка која имала едно петгодишно внуче по име Стојан. Стојан уште од најрана возраст останало сираче и ја имал само баба му. Кога дошол турскиот аскер како и секаде да наплати данок во крв дошле и кај бабата и го побарале малиот Стојан, бабата ги молела ги проколнувала да не ѝ го земаат зашто само тој ѝ останал. Турските аскери сакале да се пошегуваат со бабичката и рекле бабичке ја гледаш ли црешната во дворот која едвај имала едно гранка, ако сакаш да си го спасиш внучето за една недела кога ќе дојдеме на црешната да има макар една здрела црешна. Бабичката ги зарекла со беса дека ако се случи тоа дека ќе го поштедат малиот Стојан. Турците се согласиле и си отишле. Бабичката се тувкала и на крај ѝ текнало што да направи. Го прегнала коњот и отишла дури во Шишево каде уште тоа време било познато дека Шишево имало најрано цреши вадено на пазарот. Скршила една гранка на која имало десетина цреши и се вратила дома. Ја зела гранката, ја врзала на постоечката цреша и ги чекала да дојдат Турците. Кога дошле тие се изненадиле, кога дошле поблизу виделе дека бабичката мајтап си играла со нив многу се налутиле ја довеле бабичката до црешата ја мачеле, ја тепале да признае што направила пред очите на малиот Стојан. Таа не признавала под никаков притисок само да си го спаси внучето.Тоа многу ги разлутило Турците и ја погубиле пред очите на малиот Стојан, а него го оставиле жив за да за да раскажува за злоделата и моќта на турската империја. Од тогаш местото е наречено Црешево.

Временски гледано, во Црешево е една од најстарите цркви во Скопскиот Регион Црква „Св. Јован“ изградена во XI век, потоа постојат документи кои укажуваат за постоењето на село Црешево, од 1300 г во записите на Стефан Милутин во контраверзната книга Српско / Црногорска литература.
Црешево се опишува како гранично село на Црногорското царство, кое не припаѓа во границите, туку е погранично, во Српски етнографски зборник.
Секоја година се одржува културната манифестација ”Ревија на народни носии, инструменти и песни Црешево” каде што се претставуваат бројни културни уметници,како и носии од различни краеви на нашата земја.
А од спортот исто така секоја година се одржува турнир во мал фудбал каде сшо земаат учество повеќе натпреварувачки екипи од попбиската и пошироката средина.

Во село Црешево има основно подрачно училиште “Наум Охридски” додека централното е во селото Булачани.
Во близина на селото се наоѓаат:
Цркви
Црква „Св. Спас“
Црква „Св. Јован“
Црква „Св. Петка“ — манастирска црква
Археолошки наоѓалишта
Крши Дол — некропола од римско време
Селиште — осамен наод од римско време
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 982 жители, од кои 911 Македонци, 8 Срби, 1 останат и 62 лица без податоци.

Ден 18 април 2025

00:01:17