домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА-ДОЛНО МЕЛНИЧАНИ

ГУГУТКА ГУГА – СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА-ДОЛНО МЕЛНИЧАНИ

Долно Мелничани — село во Општина Центар Жупа, на граница на областите Мала Река и Жупа, во околината на градот Дебар.

Своето име селото го добило според повремената река Мел(е)ница која тече крај селото, а чие име доаѓа од старословенскиот збор за воденица. Името на селото настанало според занимањето на првобитните жители (мелничани), а за разликување од повисокото истоимено село, било наречено Долно Мелничани.

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено на граница на областите Мала Река и Дебарска Жупа, под северозападната падина на планината Стогово.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 740 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 8,5 километри.

Сместено е на средна терасеста површина околу 200 метри над долината на реката Радика, која денес е заезерена со водите на Дебарското Езеро, а под огранката на Стогово наречена Маруша.

Синорот на селото граничи со селата Броштица на југ, Горно Мелничани на исток, Долно Косоврасти на север, Горенци на запад, додека делот од атарот преку Дебарското Езеро на север и северозапад граничи со Елевци и Рајчица.

Според статистиката на Васил Кнчов, во 1900 година во Долно Мелничани живееле 250 жители, сите македонци. Според последниот попис, во ова село живеат 13 македонски жители.

Главната селска црква е посветена на Пресвета Богородица. Датира од 19 век, поточно од 1884 година. Во селото има и споменик посветен на борците од НОБ.

Долно Мелничани има две големи слави. Голема Богородица, која е црковна слава и Спасовден, кој е празник на целото село.

Ден 18 април 2025

00:01:17