домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА - БРОШТИЦА

ГУГУТКА ГУГА – СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА – БРОШТИЦА

Селото Броштица се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Селото се наоѓа во областа Дебарска Жупа, сместено мошне високо на западната падина на планината Стогово. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.300 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 11 километри.
Иако, во 1583 година за прв пат името на ова село е забележано како Проштица, напишано и изговорено со Б е правилно. Во околина на селото и покрај реката расте во изобилие растението брошт, па по него се наречени и Броштичка Река и селото Броштица.
Според статистиката на Васил Кнчов, во 1900 година Броштица броела 800 жители, 600 муслимани и 200 христијани, сите изјаснети како македонци. Во 1961, од 533 жители 500 се изјасниле како турци, 30 како албани и 3 друго, додека во 1994 година бројот се зголемил на 718 жители, од кои 499 биле Македонци, 128 Турци и 90 други. Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.
Во селото се наоѓаат амбуланта и основното училиште “Кемал Ататурк”. Од верски објекти, активна е џамијата. Во селото постоеле три цркви, но денес стои како спомен црквата “Св.Димитриј”, која датира од 1868 година. Според кажувањата на жителот Селим Мерсимовски, за да не пропадне црквата, кровот е обновен со средства кои ги собирале муслиманите за таа намена. Христијански жители во селото нема, но жителите на ова село како што кажува Мерсимовски, никогаш не правеле разлика меѓу себе по вера и националност, туку по човечност. Затоа го реставрирале кровот, да остане како спомен на убави времиња полни со соживот.
Од село Броштица потекнува и Кирил Манчевски, истакнат изведувач на македонски народни песни

Ден 18 април 2025

00:01:17