Села по Сува Гора – машка носија
На падините од северната страна на планината Сува Гора, сместени се села во кои машката носија е идентична со Долни Полог, но женската драстично се разликува.
Состав: кошула, чашире, џамадан, елек, минтан, дола- ма. Гуњиче, појас, чорапе, тозлуци, калчуње и капа.
Кошула – од домашно бело платно, без корил (јака), со рамни и широко отворени ракави (стар вид) или со ракави набрани со манжетни (понов вид).
Чашире-од бела или од црна клашна, украсени со црни гајтани.
Џамадан-горна допојасна облека од црвена клашна,украсен со копринени гајтани и златна срма.
Елекот е горна безракавна допојасна облека од црна клашна.
Минтан е горна допојасна облека од црна клашна, со преклоп на градите. Украсен е по рабовите со гајтани.
Долама е горна облека од бела клашна.
Гуњиче е горна допојасна облека од врна клашна, со ракави до лактите. Јаката на гуњичето била голема и правоаголна и по потреба се формирала во ќулавка.
Појасот е ткаен од алова волна, прилично е долг и широк.
На нозете се носеле волнени плетени чорапи и “калчуње” – вид на потколеници од црна клашна. Украсени биле со гајтани, а се закопчувале со “копци”
На главата носеле капа-шубара.
