домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - РАТЕВСКИ БАМБУРЦИ

ГУГУТКА ГУГА – РАТЕВСКИ БАМБУРЦИ

Ратевски Бамбурци

Бамбурците се симбол на селото Ратево од Беровско. Тие имаат шест вековна традиција на истерување на злото и болестите, а привлекување на здравјето и бериќетот. Според тоа, целта на оваа машка поворка е иста како и на останатите поворки кои се јавуваат за време на некрстените денови.

Иако дејствувањето на оваа поворка е полно со пагански елементи, таа се одржува на 20 Јануари, поточно на св.Јован. Селаните сметале дека со самото крштение не биле целосно истерани лошите сили кои шетале меѓу луѓето и стоката и дека лошото и страшно можело да се истера со уште пострашно. Такви се и нивните маски, кои ги изработувале во текот на целата година.

Се подготвувале костуми од животински кожи, козји или овчи. Кожата се подготвувала со сол, а потоа се оставала да се исуши и на крај се шиела. Процесот со кожата траел околу две недели. Освен кожата, од животните се користеле и роговите, па дури и коските кои им помагале да изгледа маската пострашна и поавтентична. Како додаток, носеле ѕвонци и клопотарци.

“Ратевски Бамбурци” е манифестација на која учествуваат и други групи со игри под маски, од цела Македонија, но и од околните земји. Се доделуваат и награди за најдобра маска.

Ден 18 април 2025

00:01:17