домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - ПОЈАСОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

ГУГУТКА ГУГА – ПОЈАСОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

По своето успение, Пресвета Богородица му го дала својот појас, кој таа самата го ткаела од влакна од камила, на апостолот Тома. Пренесувањето на Чесниот Појас во Цариград се случи за време владеењето на Аркадиј (395-408). Пристигнувањето на Појасот во царскиот град било празнично. Царот го положил Чесниот Појас на Богородица во реликвијар кој го нарекол „свето тело“. Тоа се случило на 31 август/13 септември, последниот ден од црковната година. Во градот на свети Константин (Константинопол), во кој Војвотка и Закрилничка е Богородица, ќе остане Чесниот Појас на Богомајката.

Во овој храм царицата го положила Светиот Појас на Богородица. Самата царица со златен конец го украсила овој појас, како што може и денес да се види.

Луѓе несреќни и болни доаѓале и наоѓале избавување преку силата на чудотворноста од Појасот.

Поради ова Божја сила на чесниот Појас уште од тоа време бил и воспеан. Со благодатта на Пресветата ги осветува оние кои доаѓаат побожно да се поклонат, ги издигнува од распадливоста, ги ослободува од болестите и тагите. Тој појас подоцна бил пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица – Влахерна, што ја изградила царицата Пулхерија.

Овој ковчег никогаш не се отварал, сè до времето на царот Лав Мудриот. Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболела, и според некое таинствено видение посакала врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помолил патријархот, и за прв пат го отвориле ковчегот, го извадил појасот и го положил врз болната царица. Таа веднаш оздравела. Во спомен на тоа чудо се востановил овој празник.

Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцелила со помош на овој појас а подоцна, кога се омажила за царот Абухаз Грузиски, таа понела дел од појасот со себе. Подоцна на заповед од рускиот цар Александар I била изградена црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чувал тој дел од чудотворниот појас на Пресветата Божја Мајка.

Понатаму Светиот Појас бил поделен на повеќе парчиња кои биле однесени во разни храмови низ Цариград. По освојувањето на градот од Крстоносците во 1204 година, некои парчиња биле грабнати и однесени на Запад.

Но еден дел бил сочуван и останал во Цариград и по ослободувањето на градот за време на Михаил Палеолог. Се чувал во храмот на Пресвета Богородица – Влахерна. Последното спомнување на појасот е од еден анонимен руски поклоник во Цариград помеѓу 1424 и 1453 година.

По освојувањето на Цариград од страна на Турците во 1453, непознато е што се случило со останатиот дел од Појасот. Па така единствениот сочуван дел е оној кој се чува во светиот манастир Ватопед, каде што преку многу тешкотии пристигнал.

Светите отци од манастирот чуваат едно предание според кое, Чесниот Појас на Пресвета Богородица бил подарен во манастирот Ватопед од страна на царот Јован VI Кантакузин, којшто подоцна се откажал од престолот и станал монах во Ватопед, со името Јоасаф.

Многу чуда се случиле и се случуваат и денес од Чесниот Појас. Им помага на неплодните жени да забременат и да родат деца. Ако со побожност ја побараат помошта од Пресветата Мајка – Богородица, им се дава еден појас (копие), кој се изработува во манастирот и кој се осветува врз вистинскиот појас на Пресвета Богородица. Со ваквите појаси, оние бездетни парови, кои го промениле својот живот на подобро, се обратиле кон Христа со покајание, исповед кај духовник, молитви, пост и причест, Богородица им подарила рожби. Појасите ги носат и мажот и жената, секогаш (освен при бањање), а ако даде Бог да забремени жената, таа го носи до крајот на бременоста.

Ден 18 април 2025

00:01:17