Одгледување на памук и негов бенефит
Пред да се засади памукот, семето се чисти од површинските влакна, се влажни и се сади на растојание, различно според видот. Памукот е едногодишно растение кое сака потопла клима и влажна почва. Затоа, најпогодно е да се сади на пролет кога земјата е веќе загреана и на почва покрај река.
Памукот цути од јули до септември. Најпогодната температура е 24°-30° Целзиусови. Цветовите се жолти и големи. На почетокот на есента, наместо цветовите се појавува плод. Налик на кутивче, полно е со семе, а обложено со бели влакна. Со памук.
Иако во минатото, на сите ни е познато дека во Македонија памукот бил најупотребуван во текстилната индустрија, памукот има и други бенифитни својства. Памукот содржи смолести материи, есенцијални масла, органски киселини, витамини и други соединенија кои се корисни за човечкото тело. Тој има антивирусни својства, го отстранува холестеролот од крвта, се користи за превенција на склероза и нејзино лекување, за кожни болести, тумори и херпес. Памукот го намалува и крвниот притисок.
Памукот се користи како хемостатик. Се препорачува за лекување на рак на желудник и за опоравување од истата операција. Сува кора од памук се толчи и се прави прав. Една лажичка од тој прав се зоврива со 200мл вода. Се лади и се процедува. Така се пие по 3 пати на ден, вкупно 70мл, 30 до 45 дена.
Се користи за смирување на хормоналниот дисбаланс и нередовниот циклус кај жените. Со помош на памукот се лекувале и жени кои не можеле да забременат.
