Народна медицина со винова лоза
Листот од винова лоза има многу витамини како: Ц, Е, А, К и Б6, ниацин, железо, влакна, рибофлавин, фолати, калциум, магнезиум, бакар и манган. Се користи како антиинфламаторно и средство за подобра циркулација. Помага за срцеви заболувања, разни видови на рак и Алцхајмерова болест, артритис и болести на дигестивниот систем.
Облога со лозов лист за отечени вени
Најпрво местото се мачка со вазелин. Се редат неколку листови, зависно од регијата. Се фиксираат листовите со фолија и се носи облогата половина час. Се мие местото со ладна вода и на крај за подобар резултат се става крем за вени.
Сувите листови од винова лоза се користат за подготовка на чај. Бенефитот од овој чај е многу голем и широко применет. Се користи за ревматизам, дијареа, болки во стомакот, обилно крварење кај жените за време на циклус. Се користи за лекување на нарушена функција на мозокот и ‘рбетниот мозок, па затоа особено се препорачува да се испие и пред масажа.
Сушењето на листовите се прави највообичаено. Откако ќе се соберат и измијат, се редат еден по еден на чиста и сува површина. Времетраењето на сушење може да биде од два дена до две недели, зависно од температурата на која ќе бидат изложени. Откако ќе се исушат, најпожелно е да се чуваат во хартиени кеси, на суво место, за да не соберат мувла.
За да се подготви една шолја чај од винова лоза потребно е:
Два дл вода
Една лажица суви листови од винова лоза
Заедно вријат околу 5 минути, па се покриваат и оставаат да отстојат уште 15 минути. Чајот се процедува и се пие до 3 пати на ден, до 3 недели.
Рецептите од народната медицина не се замена за стручен лекарски совет.
