Народна медицина со мед
Бронхит и болно грло
- Зелени оревчиња
- Лимон
- Мед
Зелените оревчиња се мијат и се оставаат да се исушат.
Се сечат на кришки и се редат во тегла.
Врз нив се ставаат исечени кругчиња свеж лимон.
Се залеваат со мед.
Теглата убаво се затвора па се остава да одстои на сонце 30ина дена, т.е. сѐ додека медот не поцрни.
Тогаш медот се процедува или се вадат оревчињата и кришките лимон.
Така подготвено, се комзумира наутро и навечер по една супена лажица. Во случај на болест, се конзумира по две супени лажици, три пати на ден.
Болки во грло
На една лажица мед се става мала количина на сода бикарбона. Смесата не се голта веднаш, туку се остава да се растопи во устата и полека да делува на грлото.
Лек за простата
Навечер, во една чаша млака вода се растопува една супена лажица мед со две лажици полен. Така, се остава смесата да преноќи и се пие наутро на гладно.
Терапијата трае еден месец.
