Семе од афион
Семето од афион е полно со диетални влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол, па така го подобрува здравјето на срцето. Содржи и јод, манган, цинк, бакар, магнезиум. Го подобрува варењето на храната, ги смирува болките во стомакот, ги зголемува белите крвни зрнца и го подобрува квалитетот на црвените , а со тоа се зајакнува имунитетот.
Афионот се користи за медицински цели, односно за добивање лекови за смирување врз основа на опијатските состојки на растението, како што се морфинот и кодеинот.
Во минатото, во селата се варела чашката од афионот со вода, а потоа се пиела водата како чај, со цел за смирување и полесно заспивање. Ваков чај им давале дури и на деца кои биле хиперактивни.
Во нашето поднебје, употребата на семето од афион има широка примена. Може да биде замена за маслиновото масло, доколку се направи ладно цедено. Има неколку врсти на семе, но ние го употребуваме црното, исклучиво во преработена форма, т.е. исушено. Познато е и како ким. Во кулинарството се употребува во разни видови на благи и солени печива. Може да биде составен дел од некој прелив или да се употреби директно во салата.
Поттикнува раст на коса
Се прави паста од афионово семе, со малку кокосово млеко и кромид. Се нанесува на скалпот и се остава да отстои еден час. Се измива со вода и шампон. Оваа маска, може да се користи до два пати неделно.
Маска за лице
Во процесор за храна, измешајте афионово семе со малку млеко. Ако имате сува кожа, додадете и малку мед. Нанесете ја приготвената смеса на чисто лице и нека отстои 20 мин. Измијте со млака вода.
Третман за изгореници
Афионово семе се потопува во малку вода. Се додава и лимонов сок. Овие состојки убаво се блендираат, да се формира паста. Нанесувањето на оваа паста помага во лекување на изгореници и чешање на кожата. Исто така, делува како ефикасно ослободување од болка со олеснување на болката предизвикана од воспаление на кожата.
Рецептите од народната медицина, не заменуваат лекарски совет.
