Глуварчето е распространето растение и најчесто расте на влажни ливади, покрај патиштата и околу населените места. Целото растение е горчливо бидејќи содржи гумена млеч (латекс), кој има најмногу лековити својства.
Глуварчето е хранлива билка која ја стимулира жолчната киселина и е добрo против камења во жолчката. Делува како диуретик и антисептик на уринарниот систем и помага при задржување на течности. Го чисти телото од токсините и штетните материи, има благо лаксативно својство и антивоспалително антиканцерогено дејство. Го намалува холестеролот во крвта, ги ублажува болките во коските и зглобовите, го регулира шеќерот во крвта, делува против атеросклероза и проблеми со кожата и има поволно дејство на бубрезите.
Листовите од глуварчето се берат пред да да расцвета растението, бидејки подоцна стануваат горчливи. Се конзумираат свежи, во салата. Стеблото е најискористено како лек за дијабетес. Се бере од крајот на април, кога се јавува билката. Стебленцето се кине заедно со цветот и се мие, а дури потоа се кине цветот. Од билкарите, се препорачува да се јадат 10-15 стебленца во текот на денот, во времетраење од 4 недели. Гумената млеч од стебленцето може да излекува габична инфекција на кожата, во рок од еден месец, доколку секојдневно се мачка заразената регија, по неколку пати на ден. Свежите цветови од глуварче се користат за правење сируп против кашлица, мед, или пак маст за лекување хемороиди.
Од коренот на глуварчето најчесто се подготвува чај. Се препорачува за правилно варење на храната, недоволно лачење на жолчката, висок крвен притисок и недостаток на апетит. Може да излечи хепатитис во рок од две недели, доколку се пијат 4-6 чаши на ден од овој чај. Полезен е и за кожата бидејки е антибактериски. Може да се користи како тоник на лицето, или пак за премивање на очите.
Советите од народната медицина не се замена за стручен, лекарски совет!
