домаГУГУТКА ГУГАГУГУТКА ГУГА - МУВАТА И ПЧЕЛАТА

ГУГУТКА ГУГА – МУВАТА И ПЧЕЛАТА


Мувата и пчелата

Мувата и се фалела на пчелата и ѝ велела: Jac живеам кајшто живеат луѓето, дури влегувам и во царските палати, непоканета се наоѓам на царските трпези и се хранам без труд, многу пати и пред тие да подадат рака кон јадењето. А ти се трудиш и работиш цел ден, затворена во кошарата, или излегуваш за кратко време, ги обиколуваш шумите, собираш се што е нужно за да направиш мед, кој повеке ги храни мувите и луѓето отколку тебе.

Така е, и одговорила пчелата, можеш да се фалиш за лесниот начин на кој се прехрануваш, ако за тоа добиваше и некаква почит. Но луѓето се толку огорчени од твојата бесрамност, што направија посебна направа, муволовката, за да те бркаат од нивната куќа.

Достоен за пофалба е оној кој со својот труд им е корисен на другите.

Ден 18 април 2025

00:01:17