домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЖЕНА ПАРК/ЖЕНА СО ГИТАРА

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЖЕНА ПАРК/ЖЕНА СО ГИТАРА

  • Паркот на жената борец, познат како Жена парк, се наоѓа наспроти зградата на македонското Собрание. Во него имало споменици и две фонтани и една чешма со течна вода. Тој е изграден после големиот земјотресот, кога се изградил и Градскиот трговски центар, некаде 1974/75 година. Старите скопјани велат од фонтаната течела најчистата и најладната вода во Скопје. Невообичаено е тоа што во Паркот на жената борец има споменик посветен на Тарас Шевченко
  • “Жена со гитара“ изработено од Синиша Новески се наоѓа кај “Ирски паб“ на кејот до хотелот “Холидеј ин“. Скулптурата е поставена во април 2009 година, на почетокот на проектот „Скопје 2014“, кога се поставени над 30 скулптури во центарот на градот. Новески е меѓу 26-те главно млади автори кои на јавниот конкурс на Министерството за култура распишан во 2008 година за поставување 35 скулптури, ја добива можноста за изработка на свои авторски дела.

Ден 18 април 2025

00:01:17