АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЖЕНА КОЈА МЕДИТИРА/ЖИЧАРНИЦА
- Скулптурата „Жена која медитира“ од авторот Томо Бундовски е дел од првите објекти на проектот „Скопје 2014“. Скулптурата висока заедно со постаментот над 2 метри е изработена во бел мермер и е една од малкуте скулптури и споменици во рамките на проектот што не се излеани во бронза. Бундовски е еден од 26 автори избрани на јавен конкурс распишан од Министерството за култура во 2008 година за поставување 35 скулптури во централното градско подрачје.
- Жичница „Милениумски крст“ надморска височина од 570 метри, висинска разлика од 480 метри, должина од 1600 метри. Се движи со брзина од 6 метри во секунда и ова должина ја совладува за 4 минути и 18 секунди. Патниците се распоредуваат во 28 кабини за по осум патници и 2 кабини за четири патника. Вкупниот капацитет на жичницата е 1160 патници на час. Изградена е од страна на реномираната австриската фирма Допелмаер заедно со неколку македонски фирми како подизведувачи. Жичарницата е пуштена во употреба на 3 јуни 2011 г. Линијата поаѓа од Транспортниот центар, па минува низ Комплексот банки, Градската болница, плоштадот Македонија, Клиничкиот центар, Панорама, до Средно Водно и обратно.