домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Вардарскиот океан и манастир Пресвета Богородица Матка

Азбука на Скопје – Вардарскиот океан и манастир Пресвета Богородица Матка

Во мезозоикот (200 до 300 милиони од постоењето на Земјата), имало океан, познат под името „Вардарски океан“. Уште пред 120 милиони години, во времето на јура и креда „Вардарскиот Океан“ се повлекувал од овие простори, во долниот тек на реката Пчиња и на Скопска Црна Гора се создале климатските услови кои биле поволни за развој на животинскиот свет. Во некои негови делови на Скопската околија во време на кенозоикот, имало убава тропска клима и тука живееле антилопи, жирафи, мастадонти, тигри, леопарди“.

Манастир Матка, Успение на Пресвета Богородица е манастир во кањонот Матка веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 км од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Неговиот патронен празник, меѓу народот познат како „Голема Богородица“, се одржува секоја година на 28 август, при што манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани кои учествуваат на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Многу е веројатно дека кањонот и пошироката област го добиле името Матка токму поради овој манастир посветен на Мајката Божја, чие име на старословенски (црковнословенски) е мать (мат). Манастирот е изграден во средината на XIV век, на старо култно место.[1] Точното време на подигање на црквата не е познато ниту првиот ктитор. На првобитната црква, веројатно во бурните настани на воспоставување турска власт во Македонија и страдале покривот и фреските. Многу подоцна, во 1497 година, извесна госпоѓа Милица ја затекнала црквата без покрив. Таа инвестирала, црквата повторно да добие покрив и живопис и да се изгради припрата. Овие податоци стојат на натписот над влезната врата однатре. Според овој натпис, јасно е дека протогената градба на црквата потекнува од XIV век, додека покривот, припратот и внатрешниот фреско-живопис се од крајот на XV век. Во потрага по времето на изградба на првобитната црква може да се додаде и надгробната плоча на христијанката Марија, откриена во црквата пред олтарот. Со својата архитектурна концепција оваа црква не излегува од рамките на византиската архитектура од овој период. Во манастирот постои поменик, во кои се запишани имињата на многу дарители на манастирот од целиот скопски регион, вклучувајќи и имиња на луѓе од села кои денеска се населени со муслиманско (албанско) население, што претставува важен споменик со непроценливо значење за историјата на скопската област.

Ден 18 април 2025

00:01:17