домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ТУРБЕ-КРАЛ К'ЗИ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ТУРБЕ-КРАЛ К’ЗИ

Турбе (Мавзолеј) на Крал К`зи, турбе кое според едно толкување била гробница на ќерката на последниот босански крал Стефан, Катерина Котроманиќ, која како заробеник живеела кај Гази Иса-бег, што во превод значи „гробница на кралевата ќерка”. Се наоѓа на источната падина на населбата Гази Баба, во непосредна близина на природно-математичкиот факултет. Турбето било во состав на познатите муслимански гробишта, коишто биле сместени на ова брдо. Турбето било градено од камен и цигли. На квадратната основа биле четири столба со зашилени врвови, а покриено со купола на четири вода. Се претпоставува дека турбето било изградено кон крајот на XV или почетокот на XVI век. Ова турбе го посетувале муслиманите, но и христијаните кај кои останала долга традиција дека станува збор за почитувана кралска ќерка. Турбето денес е целосно реконструирано во 2014 согласно одлуката на Министерството за култура на Македонија од 2011.

Ден 18 април 2025

00:01:17