домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Црква посветена на Цар Константин и Царицата Елена

Азбука на Скопје – Црква посветена на Цар Константин и Царицата Елена

Црква посветена на „Цар Константин и царицата Елена“ Првобитниот храм бил граден пред и по Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970тите години храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар. Денес делови од овој иконостас се наоѓаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери, и во „Св. Никола“ во Куманово. Новата црквата е сеуште во изградба и е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи, како и четири апсиди и една олтарна апсида. Камен-темелникот бил поставен на 11 ноември 2012 година. (За потребите на црквата изработени се 12 камбани, На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.)

Ден 18 април 2025

00:01:17