домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - СПОМЕНИК НА ЈУСТИНИЈАН ПРВИ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – СПОМЕНИК НА ЈУСТИНИЈАН ПРВИ

Споменикот на Јустинијан Први се наоѓа на десната страна од кејот на Вардар во близина на Камениот Мост. Скуплтурата е изработена од бел мермер со висина од 5 метри. Поставена е на постамент изработен од бел мермер со висина од 3,50 метри. На постаментот има бронзени релјефи. Автор на делото е Роза Павлеска, а изработувач е уметничката галерија Пиетро Базанти е Фиљо (Pietro Bazzanti & Figlio) и уметничката леарница Фердинандо Маринели (Ferdinando Marinelli) од Фиренца, Италија. Пред поставувањето на споменикот на Јустинијан Први на скопскиот плоштад во 2011 година, малкумина во Македонија знаеја дека родното место на големиот император, кој владее со Источното Римско Царство од 527 до 565 г. е скопското селото Таор, Катлановско. Тргнувајќи од записите на биографот и современик на Јустинијан Први, Прокопиј, и по претходно добро проучена стручна литература, нашите археолози во 2001 година го лоцираат родното место на Јустинијан, во денешното катлановско село Таор. Овој локалитетот првпат е евидентиран од англискиот истражувач, археолог и патописец Артур Еванс уште пред стотина години. Веднаш над селото се наоѓа и локалитетот Таорско Градиште, кое на почетокот на новиот милениум археолозите од Музејот на град Скопје почнаа интензивно да го истражуваат. И низ годините наидоа на прекрасни резултати. За жал, систематските истражувања замреа во последните години, па локалитетот денес е сиот обраснат во трева.

Ден 18 април 2025

00:01:17