домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Спомен куќата на Мајка Тереза и МКЦ

Азбука на Скопје – Спомен куќата на Мајка Тереза и МКЦ

Спомен-куќа на Мајка Тереза ул. Македонија, Општина Центар, Скопје Локацијата на самиот објект не e случајно избрана. Имено, на ова место до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква “Пресвето срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена. На еден начин самата локација претставува еден симболичен мост помеѓу младата скопјанка Гонџа и една од најголемите хуманитарки во светски рамки Мајка Тереза. Спомен куќата се состои од приземје и кат, претставувајќи во исто време споменик, изложба, отворена порта и храм. Мајка Тереза е најпознатата скопјанка и единствената нобеловка од Македонија. Мајка Тереза е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од своето заминување во хуманитарна мисија за помош на гладните и осамените го посетила четири пати: во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година.

МКЦ Младински културен центар е основан во 1972 година под името „Дом на млади – 25 Мај“, за промоција на културата, културните и научните вредности на младите. Преименуван во Младински културен центар на почетокот на 90-тите, со добивањето на самостојност на Република Македонија, Домот останува на истиот курс – промоција и презентација на културните вредности, но истовремено и најважната точка за дружење, размена на идеи, место за слободно изразување на младите. Покрај сопствената годишна програма, која вклучува повеќе од 200 настани (изложби, театарски претстави, промоции, работилници, концерти, дебати, како и филмски проекции), МКЦ работи и како сервис на многубројни невладини организации и индивидуални уметници од сферата. Во јавноста е познат како организатор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, изложби, претстави, концерти, предавања и слични настани од областа на културата.

Ден 18 април 2025

00:01:17