домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Скулптурата КАФЕЗ НА ДУШАТА и Античката Колонада

Азбука на Скопје – Скулптурата КАФЕЗ НА ДУШАТА и Античката Колонада

Скулптура „Кафез на душата“ од авторот Сашо Поповски е поставена во март 2009 во првиот бран на „Скопје 2014“ во центарот на градот. Станува збор за скулптура со димензии: 320 х 125 х 125 сантиметри, излеана во бронза, која беше избрана на јавниот конкурс на Министерството за култура објавен во 2008 година за изработка на 35 скулптури во централното градско подрачје.

Античката колонада со име „Независна Македонија“ која е дел од проектот „Скопје 2014“ е лоцирана на левиот брег од реката Вардар. Објектот е висок осум метри, а се наоѓа помеѓу Агенцијата за електронски комуникации и Финансиската полиција. Колонадата претставува градба од низа столбови поврзани со греди која стои слободно или е дел од друг објект. Висината е осум метри и на неа ќе се постават девет бронзени скулптури на музи: Kалиопе, Талија, Терпсихоре, Kлио, Мелпомена, Ерато, Еуртепе, Уранија и Полихимнија, како и два лава. Висината на музите е два и пол метри, а на лавовите 2,6 метри. По една скулптура ќе надвиснува над секој столб, а на крајните столбови на зданието има лавови. Автори на скулптурите на деветте музи се Жарко Башески, Беди Ибрахим, Богоја Анѓелкоски, а автор на скулптурите на лавовите е Мирослав Славковиќ.

Ден 18 април 2025

00:01:17