домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - СКОПСКИ АКВАДУКТ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – СКОПСКИ АКВАДУКТ

Скопскиот Аквадукт е изработен со голема умешност и прецизност, од камен и тула, должина од 384 метри, 54 главни сводови издигнати на масивни столбови и 42 мали отвори кои служат за олеснување од тежината. Овој грандициозен објект бил во функција до крајот на XIX век. Во 1669 година, патeписецот д-р Браун запишал дека “аквадуктот е прекрасен стар објект, кој на ова место му носи голема почит”. Според Прокопиј, водоводот бил подигнат во периодот од 527 до 565 година. Се верува и дека поради сличноста со техниката на градење на аквадуктот со Куршумли Ан во Скопје, тој не потекнува од византискиот период, туку бил граден во текот на XV век, од страна на Мустафа – Паша, кога градот Скопје започнал интензивно да се зголемува. Се смета дека низ аквадуктот била спроведувана вода од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора. Последен пат бил обновен по скопскиот земјотрес во 1963 г. Тој е еден од трите (Сплит, Будва и Скопје) најсочувани вакви објекти кој на Балканот опстанале до денес. Овој споменик со извондредна убавина, денес за жал е оставен на забот на времето и несовесните граѓани кои трагајќи по скриени богатства, на некои места видно го оштетиле. До споменикот нема уредени патеки ниту патокази, меѓутоа сепак вреди да се потроши некој час од своето време и да се почуствувате како дел од минатото крај овој вреден културен споменик. Владата 2021 година по предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Ден 18 април 2025

00:01:17