АЗБУКА НА СКОПЈЕ – СКОПСКА ЕПАРХИЈА/ПЛАНИНА ЖЕДЕН
- Скопската епархија е меѓу 14 епархии на Самоиловата патријаршија. Скопската епархија ја возглавува Неговото Блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Најпознати цркви и манастири во Скопската ЕПАРХИЈА се – Свети Спас, Скопје, Свети Димитриј, Маркова Сушица (женски), Свети Пантелејмон, с. Горно Нерези, Свети Андреј Првовенчани, Матка, Свети Никола Шишевски, Матка, Успение на Пресвета Богородица, Матка, Свети Никита, с. Бањани, Скопска Црна Гора, Свети Спас, с. Кучевиште, Скопска Црна Гора, Свети Никола, с. Љубанци, Скопска Црна Гора, Свети Илија, с. Чардак, Скопска Црна Гора, Свети Ѓорѓи, с. Криви Дол, Скопје
- Жеден – средновисок планински масив во северозападна Македонија. Планината се протега помеѓу Скопската Котлина на исток и Полошката Котлина на запад. На север и североисток е одделена со лак на реката Вардар од ограноците на Шар Планина и Скопска Црна Гора; од југоисток со Бојанско и Копаничко Поле – делови на Скопската Котлина, а од југ е преграбенската долина Тетовска Суводолица. Планината Жеден се протега во правец југозапад–североисток и зазема вкупна површина од 109 км2. Билото е заоблено и од него се издигаат неколку врвови меѓу кои највисок е Водени Камен (1.264 м). На Жеден има многу планинсκи чај што љуѓето од селата оκолу Жеден го наρеκуват „Жеденсκи чај“. Планината нема многу дрвја и нема вода κаκо што κажува и името на планината Жеден – „без вода“. Планината Жеден има две пештери Дона Дуκа и Бојансκа Пештера. Планината Жеден има 4 врвови: Водени Κамен (1.264 метρи), Врвот на Жеден (1.225 метρи), Висоκа (1.209) и Ушајна (1.118).