домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - село Орешани и османлиите го освојуваат Скопје

Азбука на Скопје – село Орешани и османлиите го освојуваат Скопје

Орешани e село во областа Блатија, во Општина Зелениково, во околината на градот Скопје. Непосредно до селото тече реката Вардар, а исто така покрај селото поминува пругата Скопје – Велес на која се наоѓа стојалиште со името на селото (кое се наоѓа пред станицата Зелениково). Орешани лежи на надморска височина од 230 метри и е рамничарско село. Куќите се распослани на ниските ритчиња од десната страна на реката Вардар, од двете страни на железничката пруга Скопје – Велес. На ридскиот предел западно и северозападно од селото се изградени и сè уште се градат голем број на викендички и вили за одмор на луѓе од Скопје, така што еден дел околу железничката станица „Јане Сандански“ од десната страна на патот пред селото се смета како викенд-населба „Јане Сандански“. За потеклото на името Орешани, населението нема предание, но се смета дека тоа е многу старо „од бир земан“. Сепак, може да се заклучи дека името Орешани потекнува од името на дрвото и плодот орев (лат. Juglandaceae), односно има значење на место каде што растат (има) ореви. Во последно време интересно е тоа што и покрај оддалеченоста од градот Скопје во селото се населуваат и богати македонски стопанственици, трговци и инженери кои покрај своите куќи во Орешани ги регистрираат своите фирми и имаат свои погони. Во поново време изградени се фабриката и компанијата за електроника и електронски микрочипови, производствениот погон за мебел и покуќнина „Бујото“, како и приватниот старечки дом “Панада“ кој се одликува со одлична опременост.

Османлиите го заземаат Скопје. Прв управител на Скопје бил неговиот освојувач Паша Јигит–бег (1392-1414). По него истата функција ја имал неговиот син Исхак-бег (1414-1439), кого го наследил неговиот син Иса-бег (1439-1463). Иса-бег ја вршел оваа должност сѐ до заземањето на Босна кога бил назначен за босански санџак-бег во новоорганизираниот босански санџак. Управителите на Скопје граделе многубројни објекти – задужбини кои претставувале јадро на урбаниот живот. Преку градежништвото и новите економски, политички и културни односи Турците внеле и нов начин на живеење кој се рефлектирал во сите области на материјалната и духовната култура. Се формирале и постепено се развивале градски квартови – маала со карактеристична стамбена архитектура, богата чаршија во која разновидните занаети имале посебни улици-чаршии. Домашните и странските трговци се сместувале во бројните караван-сараи, анови. Исто така биле градени безистени, амами, турбиња, теќиња и џамии, така што во XV век градот од воено упориште станал трговски центар со ориентален карактер. во Скопје се зачувале голем број споменици од богатата духовна и материјална култура на Османлиите која се создавала во текот на пет века. Тоа се објектите од религиозен карактер: џамии-месџиди, медреси, турбиња и теќиња, како и објектите од профан карактер: имарети, караван-сарааи, анови, чаршии, амами, водоводи, јавни чешми, мостови. Овие споменици зборуваат, исто така и за бројот на урбаното население, за неговиот висок стандард и културното ниво. Денес дел од зачуваните споменици, главно џамиите, ја имаат првобитната намена, додека на некои објекти им е дадена нова функција преку која се вклопени во современиот живот на градот. Таков е случајот со Безистенот, Сули ан, Капан ан, Даутпашиниот амам, Куршумли ан, Поштата и Вилаетскиот конак.

Ден 18 април 2025

00:01:17