домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - с. Љуботен, црквата Свети Никола

Азбука на Скопје – с. Љуботен, црквата Свети Никола

Љуботен е село во Општина Бутел, во околината на градот Скопје. Љуботен. Црква “Св. Никола“, с. Љуботен архитектонски е комбинација на трибродна базилика со впишан крст, со октогонална купола на пандантифи која се потпира на четири слободни квадратни столбови, со скулптирани зооморфни и вегетабилни претстави на капителите. Петтостраната апсида е многу грижливо градена, украсена со правоаголни ниши, а во горниот дел со керамодекорација во вид на крстови, шаховски полиња, квадратчиња. Над главната влезна врата во црквата е големиот окулис на тимпанонот. Црквата е градена од камен и тули, фасадата е расчленета со лизени, со големи архиволти. Сликарството во оваа црква делува како дело на еден сликар, најверојатно од охридската сликарска школа, кој иконографски нуди неколку нови мотиви, детали од фолклорниот реализам и сцени во врска со апокрифната смрт на Богородица. Овој живопис се карактеризира со наративноста која оди во детали, вклучени се жанр-мотиви во композициите Свадбата во Кана и Исцелување на болниот од водена болест. Живописот во црквата Св. Никола е изведен околу 1348 година, датиран според ликот на младиот крал Урош кој е сликан како младо момче. Урош е роден во 1337 година кога црквата почнала да се гради. Сигнирањето е изведено со грчко и кирилско писмо. Долги години црквата Св. Никола во своите горни делови била разурната и живописот бил изложен на атмосферски врнежи поради што претрпел големи оштетувања. Во 1928 година е направена реконструкција на градбата.

Ден 18 април 2025

00:01:17