Планетариум музеј Младински Културен центар, Општина Гази Баба, Скопје. Тој е од типот мали планетариуми, а инструментот е познат како 3KП1 и е од првите серии. Планетариумите во светот се опремени со современи инструменти од новата генерација кои овозможуваат 3Д-проекција и користење дигитална технологија. Со инструментот во скопскиот планетариум се добива изгледот на небото што всушност е лажна слика што ја даваат нашите очи за вселената додека планетариумите во светот се во рамките на научни музеи каде што со опремата се презентираат научните достигнувања, пред се, во природните науки. Единствениот планетариум во Македонија, посетителите можат преку организираните предавања и користењето на визуелните ефекти на Планетариумот да ги запознаваат основите на астрономијата, изгледот и движењето на небото и небесните тела, нивната природа, потекло, иднина. Преку етноастрономските истражувања од населението на македонските села се собираат сите етнолошки информации поврзани со народните имиња, верувања и обичаи поврзани со небото, небесните тела како и земјата и атмосферските појави. Истражувачкиот тим од Планетариумот во 2002 год., ја направи првата целосна археоастрономска анализа на еден археолошки локалитет, која доведе до откривањето на Мегалитската опсерваторија Кокино.
