домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Османлиско културно наследство и OFF FEST

Азбука на Скопје – Османлиско културно наследство и OFF FEST

ОСМАНЛИСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО Во Скопје се изградени многу османлиски објекти како што се: џамии, текии, турбиња. Цивилни објекти како што се: амами, анови, безистен, конаци, кули, бањи. Меѓу најстарите џамии изградени во Скопје била џамијата Хаџи Кам (1420), урната. Меѓу зачуваните најважни архитектонски споменици од исламската архитектура во Скопје се: џамијата на султан Мурат Втори, наречена Хjунќар-џамија, изградена 1436 година, подоцна обновувана; Исак-бегова џамија, наречена Алаџа-џамија (1438); Иса бегова џамија (1475), која со своите две куполи не потсеќа на џамиите во Бруса; Мустафа-пашина џамија (1492г.), со трем обложен во мермер; Јаја-пашина џамија (1506), со богато обработен портал. За потребите на дервишките редови се градат теќиња, меѓу кои најзначајан е Рифал-теќе во Скопје. Турбиња – надгробни објекти биле доста често градени по населбите низ Скопје. Во нив биле погребувани позначајни верски и световни личности и обично се наоѓаат во дворовите на џамиите или се поставувани слободно низ населбата. Профаната отоманска архитектура била многу развиена и разновидна по својата функција: биле градени анови, безистени, амами, медреси, саат кули, водоводи, чешми, беговски конаци, фортификации и други објекти. Од поголемите анови е зачуван Кушумли-ан во Скопје, обновен во 16 век, потоа Сули-ан и Капан-ан. Безистените служеле како продавница за скапоцена стока и биле добро штитени. Покрај нив, биле градени дуќани каде што се развивала трговијата. Зачуван е безистенот во Старата чаршија во Скопје. Позначајните амами се: Даут-пашиниот амам изграден во 1484г. и Чифте-амам (15век). Чешмите биле присутни во секое маало – маалски чешми. Шадрваните, пак, најчесто биле градени во дворовите на џамиите и имале определена функција сврзана со верски ритуали. Значајни акценти во населбите претавувале саат-кулите, градени на нивното средиште или истакната позиција. Сочувана е во Скопје, Саат кула покрај султан Муратовата џамија. Станбената архитектура претставува значајна компонента во архитектурата од времето на турското владеење. Куќите се остојат од два дела, харемлак, каде што живеела фамилијата, и селамлак, за прием на мажи. Посебен тип претставуваат конаците на богати паши и бегови лоцирани по чифлиците. Меѓу нив се истакнува населбата на Хавзи-паша во селото Бардовци, со конаци одвоени во посебен комплекс, заштитен со ѕидишта и кули.

OFF Fest -. Фестивалот се случува во периодот втора половина на мај / прва половина на јуни. И покрај релативно кусата традиција на оваа манифестација, листата на учесници кои досега настапиле на OFF-Fest е импресивна, вклучувајќи ги најзначајните светски претставници на т. н. музика на светот (world music). OFF-Fest се приклучува во особено креативниот процес на глобализацијата на музиката која доаѓа од сите светски меридијани и континенти. OFF-Fest е членка на извонредно значајната и влијателна организација „Европски форум на светските фестивали“ (European Forum of Worldwide Music Festivals).

Ден 18 април 2025

00:01:17