домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ

Спомен-биста на Никола Јонков Вапцаров e сместена на Мостот на уметноста, кој претставува пешачки мост преку реката Вардар во центарот на Скопје. На него се поставени многу статуи на познати уметници. Сместен е помеѓу мостот „Слобода“ и мостот „Око“. Мостот е изграден во склоп на поголемиот проект „Скопје 2014“. На мостот има вкупно 27 скулптури, по 13 на секоја страна и една во средината. Долг е 83 метри и широк 9,2 м, со тоа што средишниот дел се проширува до 12 м. Никола Јонков Вапцаров е македонски писател, комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија, денес Бугарија. Покрај основната работа за егзистенција, Вапцаров се занимавал со книжевна дејност. Тој бил еден од организаторите на „Македонскиот литратурен кружок“ во Софија. Од самите членови бил сметан за „срж“ на кружокот. Вапцаров се занимавал со поезија, пишувал критики и бил еден од организаторите на списанието „Литературен критик“. Своите најзначајни стихови ги создал во периодот од 1936 до 1942 година. Во 1940 година ја објавил својата прва и единствена поетска збирка, „Моторни песни“, а во 1946 година во Бугарија посмртно била објавена збирката „Антологија“, како и книгата за деца „Пролет“. На 23 јули 1942 година, во 11 часот, во присуство на најбилските, на Вапцаров и на другите осудени им била прочитана пресудата. Истата вечер, во 21 часот и 10 минути, Никола Вапцаров и Антон Попов, заедно со четворица други бугарски комунисти, биле стрелани во дворот на една софиска касарна.

Ден 18 април 2025

00:01:17