Мостот „Обединети нации“ ја премостува реката Вардар и ги поврзува населбите Влае и Карпош 4 во гравниот град на Македонија, Скопје. Преку него поминува најфреквентната сообраќајница во градот – Булеварот Партизански одреди, по која секојдневно поминуваат илјадници автомобили и тешки товарни возила. Две ленти од Мостот Обединети нации биле изградени уште пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Сегашната форма ја добил во средината на шеесеттите години од минатиот век, кога се градел булеварот Партизански одреди. Официјално мостот е пуштен во употреба во 1967 година, а истиот официјално го посетил и У Тант на 30 август 1970 година. Во 2009 година мостот бил саниран и реконстриуран.
Мостот „Око“ го поврзува кејот „13-ти Ноември“ со објектот на Археолошкиот музеј. На мостот има вкупно 27 скулптури, по 13 на секоја страна и една во средината. Долг е 83 метри и широк 9,2 м, со тоа што средишниот дел се проширува до 12 м. Еве кои се историски ликови-Митски крал Каран, Пердика Александар I Филхелен, Архелај I, Аминта III, Парменион, Авдолеон, Филип V, Персеј, Тит Флавиј Орест, Јулија Тертила, Аврелиј Кратет Публиј Септиј Николај, Будиј (Будиос), епископ на Стоби, Дионизиј, прв епископ на Лихнид, Св. Ахил Преспански (Лариски), Пребонт, Гаврило Радомир, Иван Владислав, Војвода Ивец, Св. Јоаким Осоговски, Св. Прохор Пчињски, Петар Делјан, Георги Војтех, Севастократор Стрез, Михаил и Евтихиј, Св. Јован Кукузел, Волкашин, Крале Марко и во средина Пајонската свештеничка пронајдена на некрополата Лисичин Дол на валандовското археолошко наоѓалиште Исар-Марвинци.
