домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скoпје - Марков манастир

Азбука на Скoпје – Марков манастир

Марков манастир со црквата “Св. Димитрија“, с. Маркова Сушица Во фреско-записот над јужната врата во внатрешноста на црквата, испишан на старословенски јазик, е забележана 1345 како година кога црквата почнала да се ѕида во времето на кралот Стефан Душан, а била целосно изградена од страна на Волкашин и неговиот син, Марко, во 1377/8 година. Во 1830 година, на западниот влез на црквата, Хавзи Паша доѕидал правоаголен трем, боен со црвена боја. Портретите на крал Волкашин и кралот Марко, се откриени за време на конзерваторските работи во 1963-1964 година, Марковиот манастир го сочинуваат повеќе згради наредени како венец околу црквата. Во пространиот двор се наоѓа длабок бунар со ладна вода. Основата на црквата покажува форма на впишан крст во правоаголно пространство, со купола што се издига над централниот дел, носена од четири камени столбови. Нартексот е одделен со троделен отвор од наосот, а во неговиот горен дел, на покривот се наоѓа слепа калота. Внатрешноста на црквата е живописана, а истиот е распореден на повеќе зони. (Во првата зона насликани се светителите во цел раст, меѓу кои, на северниот ѕид биле насликани и ктиторите, ликовите се доста оштетени. Втората зона ги опфаќа композициите што го илустрираат акатистот на св.Богородица, а другите зони животот, чудата и страдањата Христови, дванаесте големи празници како и сцени од животот на св.Никола и патронот на црквата св.Димитрие. Споеред едни, третата зона на живописот е работена од зографи, представници на монашките сфаќања во илустрирањето на Христовиот живот.) Меѓу композициите, кои на релаен начин покажуваат тешка човечка драма посебно место зазема “Плачот на Рахела”. Ако од портретите насликани на северниот ѕид во црквата останале само незначителни фрагменти, од десната страна, во цел раст е прикажан Кралот Марко облечен во кралска облека, во боја печен окер, украсена со бисери и бесценети камења. Тој во левата рака држи развиен свиток на кој е испишан текстот; ”Во Христа Бога благодарен Крал Марко, го соѕидав и живописав овој божествен храм”. Од другата страна над вратата во цел раст е преставен Кралот В’кашин, но неговото лице и облеката се прилично оштетени. Во рацете и тој држи свиток на кој се споменува неговото име: ”Во Христа Бога благодарни Крал В’кашин…” Маѓу зградите на конаците се наоѓа старата трпезарија која има форма на еднокорабна црква со апсида на северната страна. Кога се пристапи кон конзерваторски интервенции се потврди фактот дека петте пресликани икони се неоспорно не само хронолошки најстари, туку и во ликовен поглед најквалитетни сликарски остварувања меѓу сите денес зачувани икони во колекцијата на Марковиот манастир. Набргу се установи дека сликарот на овие икони припаѓа на редот најугледни уметници оформени во цариградските сликарски работилници од последната деценија на 14 и почеток на 15 век. Денес е женски манастир. Марков манастир бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри во минатото, книгите од манастирската библиотека се буквално разграбени, а истата судбина ја доживеале и голем број на уметнички предмети, кои се чувале во манастирската црква. Според досегашните сознанија, ракописи по потекло Марковиот манастир има во: Државниот историски музеј во Москва (Хлудовата збирка), Виенската национална библиотека, Хрватската академија за наика и уметност Загреб, Српаската академија на науките и уметностите, Белградска библиотека (Стара збирка) и Државната библиотека во Софија. Во почетокот на XIX век овде престојувал македонскиот преродбеник – книгописец Кирил Пејчиновиќ, кој бил игумен во Марковиот манастир од 1802 до 1818 година и каде што го создал своето дело “Огледало” во 1816 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17