домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - МАКЕДОНСКА ЖЕЛЕЗНИЦА

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – МАКЕДОНСКА ЖЕЛЕЗНИЦА

1988 год.На 15 април пуштена е во употреба електрифицираната пруга Скопје – Гевгелија. Првото железничко поврзување во просторот на Македонија се случил во 1873 година кога е воспоставена железничка врска меѓу Солун и Скопје со Ориенталната железница (CO – Chemins de fer Orientaux) по фази: Солун – Миравци во 06.06.1872 година и Mиравци – Криволак во 09.01.1873 година. Македонска железница од 1883 година. Ориенталната железница (Источните железници) е прва компанија која ја експлоатирала железничката врска помеѓу Солун и Скопје. Оваа железница меѓу народот, но и официјалните акти, била позната е и под името „Македонска железница“ за што говори и возниот ред од 1883 година. По ослободувањето во 1945 година, македонската држава не седела со скрстени раце и до 1990 година биле изградени нешто повеќе од 200 километри нови линии, паралелно со модернизирањето на старите траси, чија широчина денес изнесува 1,43 метар, потоа електрификација и сл. Но останува впечатокот дека во Република Македонија, гледано само низ километри, поголемиот дел траси ги имаат поставено странци. пје – Тетово – Гостивар, кој пак е дел од европскиот коридор 8 што ја поврзува Македонија со Бугарија и Албанија. Како дел од истите 2 европски коридори во долината на реката се наоѓаат и електрифицираната железничка пруга Скопје – Солун и пругата Скопје – Кичево. Тие се главната артерија на поврзување со сите останати делови на државата и со соседните држави.

Ден 18 април 2025

00:01:17