домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЛУНА ПАРК/ЕЗЕРЦЕ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЛУНА ПАРК/ЕЗЕРЦЕ

  1. Езерце во паркот- Историјата на забавниот парк започнува со неколку забавни реквизити во далечните 1950ти години од минатиот век на локација кај денешен објект ‘Езерце’ во Градскиот парк. На сегашната локација во Градскиот парк е преместен во 1973 година кога за прв пат бил изграден комплетен забавен парк со забавни содржини. Во повеќедецениското постоење, Луна паркот неколку пати бил дополнуван со нови реквизити. Во месец април 2017 година забавниот парк на постоечката локација е затворен и започнати се градежни активности за изградба на нов забавен парк. Езерце“ во Градски парк била првата локација на Луна паркот што сите го знаеме. Во 1955 година, како забавен парк тука имало лулашки, чамци и друга забава за сите возрасти. И како таков останал на ова место цели 18 години, за после тоа да биде префрлен на локацијата на која и се затвори, во срцето на Градскиот парк. Во Луна паркот имаше и летно кино, се правеа детски манифестации, а најголема беше онаа кога за 1-ви април се правеше Избор на најдобро маскирано дете.
  2. Објектот „Езерце“ на самиот почеток на Градскиот парк повеќе од десет години стои руиниран и разрушен. Целиот е ишаран со графити и разни други чкртаници, околу него честопати може да се видат разни отпадоци. Иако надлежните се обидуваат постојано да го исчистат ѓубрето за оваа локација да биде чиста и средена, сепак, самото присуство на рушевината од некогашниот ресторан е доволна за да ја нагрди целокупната слика на паркот. Објектот „Езерце“ е една од локациите што буди убави спомени кај жителите на главниот град, бидејќи објектот е дел од срцето на некогашно старо Скопје. Постои уште од 1949 година, а тука старите скопјани го паметат забавниот парк, како и железничката станица по која возел популарниот воз „Ќиро“. Објектот бил билетарница од каде што се купувале билетите за забавниот парк. Потоа објектот прераснува во ресторан, кој функционираше до пред повеќе од десет години. За локацијата, Општина Центар во 2014 година распиша конкурс за изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение што требаше конечно да стави крај на запуштениот и руиниран објект, но ништо не произлезе од тие напори. Објектот и ден-денес сѐ уште стои подзаборавен во срцето на Градскиот парк.

Ден 18 април 2025

00:01:17