Азбука на Скопје – Лисиче и Ласкарци
- Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври. Лисиче почнало да се гради како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Населбата била наменета за Скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа поголемиот дел на Скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на Скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат. Населбата Ново Лисиче е изградена во годините 1985-1990, во атарот на тогаш селото Горно Лисиче. На местото на денешната населба се наоѓала најплодната алувијална рамнина во Скопската Котлина, на која наместо пченица никнале згради. Основни фирми кои ја граделе населбата биле Бетон, Маврово и Гранит. Населбата порано припаѓала кон Општина Кисела Вода, но со Законот за новата територијална поделба во август 2004 година е создадена новата Општина Аеродром и населбата потпаднала кон новосоздадена општина, створена на 12 април 2005 кога за првпат била одржана седница на Советот на општината.
- Ласкарци е село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Селото се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, на лево од автопатот Скопје – Тетово. Селото се наоѓа на десната страна на Суводолица. Кон крајот на XIX век Ласкарци било село како дел од Скопската каза на Отоманското Царство. Ласкарци е албанско село.