домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Лепенец и лилјаци

Азбука на Скопје – Лепенец и лилјаци

  1. .Лепенец e река во Македонија, притока на Вардар. Извира од планината Жар на Косово, на височина од 1.860 м, а се влева кај населбата Злокуќани во Скопје, на височина од 253 м. Од изворот до Качаничката Клисура тече во правец запад-исток, а потоа свртува во правец југ-југоисток. Долга е 75 километри, има вкупен пад од 1.603 м и просечен пад од 21,4‰. На територијата на Македонија влегува кај селото Блаце и има должина од 21 километар. Сливот зафаќа површина од 770 км2, од која на Македонија ѝ припаѓаат 167,76 км2.
  2. Лилјаците се единствените цицачи кои имаат способност за активно летање и кои користат посебен систем за ориентација во просторот преку емитување звуци со висока фрекфенција (ултразвуци), наречен ехолокација. Во Македонија се присутни 30 различни видови лилјаци, кои се со распон на крилјата до 45 см и тежина од 4 до 45 грама. Нив ги има насекаде (дури и во урбаните средини!), но најголеми популации и најголем број видови лилјаци се регистрирани во охридско-преспанскиот регион, Поречието и кањонот на Треска. Лилјаците не се активни во текот на целата година, така што, зиме, кога ќе залади, тие се повлекуваат во своите засолништа и тука презимуваат, односно хибернираат. Од 30 евидентирани видови лилјаци кај нас, 10 вида имаат категорија на загрозен вид според Европската црвената листа на загрозени видови. Тие користат најразлични засолништа како пештери, пукнатини во дрвја и карпи, напуштени рудници, а неретко и во различни градби, како на тавани, под ќерамиди, пукнатини во ѕидови, прозорски капаци и сл. Сите лилјаци кои живеат во Македонија се исхрануваат со инсекти. Тие се на еден начин природни регулатори на инсектите. Да не се тие би имало премногу комарци и други штетни инсекти околу нас. Наспроти верувањата на повеќето луѓе, лилјаците не се опасни за човекот и не напаѓаат.

Ден 18 април 2025

00:01:17