домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Лазар Колишевски

Азбука на Скопје – Лазар Колишевски

Лазар Колишевски е роден во Свети Николе на 12 февруари 1914 година. По капитулацијата на Кралството Југославија, по одлука на ЦК на КПЈ, доаѓа на работа во Македонија како доверител (повереник) на ЦК на КПЈ за Македонија заради доследно спроведување на политиката на Комунистичката партија на Југославија за вооружено востание. На почетокот на ноември 1941 година „е провален“ и бил уапсен од бугарската полиција. Поради својата револуционерна дејност е осуден на смрт. Подоцна смртната казна му е преиначена во доживотна робија. На робија во бугарскиот затвор во Плевен се наоѓа се до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944 година, кога се враќа во Македонија. Од 1944 година без прекин е избиран за народен пратеник во Народното собрание на Република Македонија и во Сојузната народна скупштина. Во март 1945 година едногласно е избран за прв претседател на Првата народна влада на Демократска Федерална Македонија, а од 19 декември 1953 година е претседател на Народното собрание на Народна Република Македонија. На таа функција одново е избран на 15 април 1958 година и ја извршува сé до 26 јуни 1962 година. Од 1963 до 1967 година е претседател на Сојузниот одбор на ССРНЈ. Од 1967 до 1972 година е член на Советот на Федерацијата, додека од 1972 до 1984 година е член на Претседателството на СФРЈ. Кратко време, по смртта на Јосип Броз Тито, ја извршуваше и функцијата претседател на Претседателството на СФРЈ. Носител е на највисокото југословенско одликување – Југословенска голема ѕвезда, на Орден на заслуги за народ од прв ред, Орден братство-единство од прв ред, Орден на храброст, а е и носител и на Партизанска споменица 1941 и е прогласен за народен херој. Почина на 6 јули 2000 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17