домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Лавиринтот на Градскиот Парк и Лапидариум

Азбука на Скопје – Лавиринтот на Градскиот Парк и Лапидариум

  1. Лавиринтот се наоѓа во Градски се протега на површина од 1.000 квадрати, а живата ограда е висока 50 сантиметри. Својот нов изглед паркот почнал да го добива на 29 април 2008 година, на роденденот на холандската кралица, кога е отворен детскиот лавиринт, подарок за градот од амбасадата на оваа земја. Новото зелено катче, како што посочи холандската амбасадорка Симоне Филипини, е наменето, пред се’, за забава на најмладите, а на родителите им порача да го чуваат и одржуваат чисто. По повод празникот, Филипини им подари пет велосипеди на присутните деца во паркот. Поставено во близина е и детско игралиште, изработено од дрво и пластични елементи, а обновени се и постојните чешми за вода, и додадени се нови, со дополнително место за пиење вода на миленичињата. По својата концепција Градскиот парк е уреден во слободен, пејсажен стил, во склад со современите потреби и барање на современото живеење. Водните површини, каналите, езерцата, дрворедите и патеките овозможуваат рекреативна, забавна и културна активност.
  2. Лапидариум се камените споменици поставени во Куршумли ан. Неколкумина ентузијазирани научници почнале да собираат антички натписи на хеленски и латински јазик и камена пластика во скулптура и релјеф, како и делови од архитектонска пластика и така ја формирале збирката на камени споменици, која станала иницијалната колекција на Музејот на Вардарската Бановина формирана на 1 ви април 1924 година, со што е поставен темелот на музејската дејност во Македонија. Со формирањето на Археолошкиот музеј на Република Македонија во 1949 година збирката на камени споменици е документирана, обработувана, проучувана и збогатувана. Во 1955 година е отворена првата постојана изложба на камени споменици, која е поставена во коњушницата на Куршумли ан, адаптирана за тие потреби. Старата коњушница била поделена во неколку одделенија според типологијата на приватните камени споменици, натписи и релјефи, а имало и посебни одделенија за најзначајните археолошки локалитети во Македонија – Скупи, Стоби, Стибера и Хераклеја Линкестидска. Во земјотресот од 1963 Куршумли ан е сериозно оштетен и потоа саниран и реконструиран, но коњушницата, односно лапидариумот, останува во затекнатата состојба. Со отворањето на постојаната поставка на Археолошкиот музеј во 1982 година камените споменици добиваат свое место во презентацијата на периодите на кои им припаѓаат, во одделите, или како што ги нарекувавме, кубусите за предримски, римски и средновековен период. Во дворот и во ќелиите во приземјето на зградата тогаш беа поставени околу 140 експонати во камен. Со преселбата на Археолошкиот музеј во новата зграда на кејот на Вардар, во 2014 година, камените споменици од Куршумли ан, стануваат дел од лапидарумот на НУ Археолошки музеј. Во текот на 2017 и 2018 година во задниот двор се врши прераспределба на камените споменици со крајната цел поставување нов лапидариум во коњушницата на Куршумли ан.

Ден 18 април 2025

00:01:17