домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Лапидариум железничка станица / Фонтана Лотосов цвет

Азбука на Скопје – Лапидариум железничка станица / Фонтана Лотосов цвет

  1. Лапидаријум-стара железничка станица Спомениците што се изложени пред Музејот на град Скопје се само мал дел од споменици, материјалната и духовната култура во римскиот период I-IV век од н. е., тоа се триесетина камени од Скупи, но и други делови на Скопската котлина кои тогаш биле периферија на градот. Еден од споменииците што се изложени бил откриен во ископувањата кај Годел. Од текстот дознаваме дека на тоа место поминувал пат што го изградил императорот Марко Аврелиј, а станицата била оддалечена 5 милји од Скупи, или 9 км од Зајчев Рид. Тука се и споменици со надгробните камења на двајца ветерани. Едниот од ниве наГајус Семпрониус, еден од двајцата градоначалници на градот. Споменикот наВалериус Декстер, едил – врховен судија, задолжен за јавниот ред и мир и за хигиената во градот. Во аголот на самиот крај можете да ја прочитате приказната за Клаудија Фирмина, дваесетгодишно девојче кое починало оставајќи ја во тага нејзината мајка Клаудија Валерија, со издлабени нивни ликови. Во овој дел ќе го видите и единствениот споменик со текст на старогрчки јазик, споменикот на сопругата на занаетчија од грчките доминиони. Тука е и споменикот на скупјанецот Тимони Даси, кој загинал како заповедник на воена единица кохорта, во битка со племето Костобоки, од римската провинција Дакија, на територијата на денешна Романија. Четирите гробни ковчези веднаш пред влезот во Музејот биле откриени во Карпош 3, во околината на денешниот трговски центар Лептокарија. Збирката од литографски споменици пред музејот е составена од триесетина камени споменици од античкиот град Скупи, откриени на локалитетот Зајчев рид.
  2. ФОНТАНАТА „ЛОТОС“ На местото на фонтаната пред нејзината изградба имало мочуриште, полно со убави бели цветови. И токму оттаму потекнува инспирацијата за проектантот, лотосовиот цвет. Фонтаната „Лотос“ е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец (1938-1982), која работела во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Отворена е на 3 мај 1971 година со гламурозна вечерна свеченост на која покрај проектантот и градските власти присуствувале и голем број значајни гости, меѓу кои и легендарниот градоначалник на Белград Бранко Пешиќ, градоначалникот на Атина, англискиот амбасадор во тогашната Југославија, кој свечено ја пресекол лентата, пуштајќи ја во употреба, како и многу други видни гости. Поставена е на плато подигнато со скали од улиците, со висина пријатна за чекорење. Фонтаната чие корито е со дијаметар 10 метри е централна тема на просторот. Главната осовина е оставена слободна за визура, а главниот влез води директно кон споменикот на Гоце Делчев. Пјацетата се развива лево и десно од влезот, а фонтаната изгледа како лотосов цвет кој никнува од земја. Коритото е спуштено до партерот, иако во идејниот проект било предвидено да биде одвоено и претставува еден вид чинија на цветот. Од коритото се издигнуваат четири топки, една поставена централно највисоко и три пониски околу, формирани од прскалки за вода. Во времето кога е направена фонтаната била и технолошки и технички многу напредна, препознатлива и по својата игра на водата, која е составен дел на архитектурата, а проектот за водоводните инсталации е изработен од италијанската фирма „Алпина“ од Ферара. Во ноќните часови била фасцинантна со својата игра на светло и сенки, постигната и со просторната композиција и со осветлувањето.

Ден 18 април 2025

00:01:17