Куршумли ан Лоциран на крајот од Старата скопска чаршија, единствениот целосно зачуван османлиски ан (караван сарај) на Балканот. Се претпоставува дека импозантниот Куршумли ан (оловен ан) бил изграден во средината на XVI век. Бил изграден од Муезин Муслихудин Абдулгани во 1549-50 г. Станува збор за масивна структура со отворен двор во чија средина се наоѓа една прекрасно изработена фонтана. Долго време служел како собиралиште за трговците и нивните каравани и одиграл важна улога во развојот на трговскиот живот во градот, додека не бил претворен во затвор во 1787 г., има 68 соби.Куршумли ан (XVI век) најголемиот од поранешните карван-сараи-препознатливо историско наследство на Скопје. Се претпоставува дека импозантниот Куршумлиан (оловен ан) бил изграден во средината на XVI век. Се состоел од два дела-едниот за сместување на трговците и стоката, а во другиот била шталата, помошните соби и собите за послугата. Долго време служел како собиралиште за трговците и нивните каравани и одиграл важна улога во развојот на трговскиот живот во градот. Улогата на преноќиште ја задржал до крајот на XIX век, а потоа бил претворен во затвор. Се верува дека името го добил во текот на XIXвек, поради покривот кој бил изработен од олово. Внатрешноста на Куршумли ан е извонредна. Преовладува чудесна тишина, а поради начинот на изградба, се создава ефект на ехо. Импресионираат полукружните ѕидови на вториот кат и шадрванот во средина на анот. Денес во анот се наоѓа лапидариумот на Археолошкиот музеј, сместен во ќелиите на приземјето. Секоја ќелија содржи споменици кои потекнуваат од иста област и од ист период, почнувајќи од I век п.н.е. до доцната антика (IVвек), кога Македонија била римска провинција. Во збирката влегуваат над 130 споменици.
