домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - КУЌАТА НА ЈОСИФ МИХАЈЛОВИЌ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – КУЌАТА НА ЈОСИФ МИХАЈЛОВИЌ

Куќата на градоначалникот Јосиф Михајловиќ Јуруковски изградена 1939 год некаде кон крајот на шеесеттите години, особено беше популарно излегувањето на младите скопјани позната како ресторан „Македонска куќа“ под Калето. Така, „Македонска куќа“ не само што била палата за градоначалникот, туку тој самиот ја градел за себе бидејќи бил архитект и градител на други објекти во Скопје. Како градоначалник бил особено неконвенционален, постојано шетал низ градот, а се дружел и со уметниците. Познати се неговото другарување и соработката со големите сликари, Никола Мартиновски и Лазар Личеноски. Малку е познато дека Личеноски насликал и негов уметнички портрет. Интересно е дека својата сопствена куќа ја користел како приемна резиденција на градоначалникот бидејќи просторот бил соодветен за таа намена. Во неа било инсталирано првото парно греење во градот. Таа е изградена од „клепан мијачки камен во рустикален стил“ од прочуени мијачки мајстори. Ентериерот бил најмодерен за тоа време, со вкомпонирана голема фреска-мурал со мијачки мотиви од сликарот Лазар Личеноски. Фреската била со височина од еден метар и со широчина од 2,20 метри. На неа бил прикажан мотив од мијачкиот крај – како Ѓурчин Кокале од Лазарополе фрла камен. За жал, фреската е исчезната и денес не постои во палатата. Плакарите биле вградени во ѕидовите. Уметнички изведените метални елементи во куќата биле изработени во познатата браварска работилница на Андон Ручигај, таткото на нашата позната поетеса Даница Ручигај. Долги години се користи како угостителски објект а во неа во еден период живееја познати политичари од времето на социјализмот. Потоа, таа промени повеќе сопственици, бидејќи од наследниците, своевремено, таа е отуѓена и продадена. Денес раскошната куќа служи како амбасадорска резиденција.

Ден 18 април 2025

00:01:17