домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Католичка црква

Азбука на Скопје – Католичка црква

КАТОЛИЧКА ЦРКВА „Пресвето Срце Исусово“ е католички храм кој се наоѓа во Скопје, Македонија. Оваа црква претставува катедрален храм и седиште на Скопската бискупија при Римокатоличката црква. Црквата била изградена во 1977 година, а нејзин архитект е Благоја Мицковски. Главната идеја за надворешниот изглед на катедралата е старозаветната слика на шатор во кој живее Јахве. Катедралата е изградена во модернистички стил. Гледајќи ја катедралата однадвор, највпечатлив дел е кровната конструкција која се сече вкрстено и на тој начин прави облик на латински крст, а потоа се спушта надолу и на тој начин ја покажува сликата на шаторот. Централниот лустер над олтарот го изработиле чесните сестри на Светиот крст од Ѓаково, Хрватска. Главната идеја водилка во изработката била: Христос како светлина, центар и смисла на сѐ! Чесните сестри се обиделе оваа слика да ја претворат во стварност со три круга од кои горниот е најголем, долниот е најмал и воедно и најблиску до олтарот при што покажува дека Христос е присутен во лебот и виното на олтарот, центарот и смислата на нашиот живот. Оргулите се механички, изработени во декември 2008 година и тие се првите и единствени оргули во Македонија. Изработени се во Бискуписката работилница во Марибор (Словенија) и ги имаат следните карактеристики: два мануала; 26-28 регистри; висина на цевките од 15см до 5м; а вкупна тежина е 6 тона. Во катедралата се наоѓа статуата на Пресвето Срце Исусово, дело на тиролската школа. Ова статуа се наоѓаше во првата катедрала која настрадала во земјотресот во 1963 година и има значајна историја, бидејќи како девојче пред неа се молела света Мајка Тереза. По повод својата посета во Скопје како Мисионерка на љубовта по молитвата пред статуата кажала: „Тука сè започна“. Централниот дел на катедралата Пресвето Срце Исусово, наосот е одвоен од трансептите со 12 алуминиумски врати во две групации од по 6, со исполна од 12 стаклени панели кои се дизајнирани со ликовите на 12-те апостоли. Панелите се рачно изработени во техника на фузирано (топено) стакло, секој од нив во природна големина. Trанспарентни но со колоритна позадина и нагласена текстура на сенки, со нивните индивидуални карактеристики и потенцирани симболи нa овоземната мисија. Есента 2018 год. Скопскиот бискуп и Струмичко – Скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов ја обнови катедралата. Исто така, историски настан беше апостолската посета на Светиот Отец папата Франциск на 7 мај 2019 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17