АЗБУКА НА СКОПЈЕ – КАТЛАНОВСКО БЛАТО-БАЊА И ИЗВОР
- Катлановско блато Специјален резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) 70.00 1965 г. Површина: 5.542 хектари (во литературата познато и како Катлановско Езеро) претставува мочуришна површина во Скопската Котлина во Македонија. Тоа е заштитено на површина 70 хектари. Овој специјален резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) се спомнува во документите од историско значење и како објект кој имал фортификациско значење, бидејќи претставувал пречка за премин низ Таорската Клисура. Во повелбите (грамоти) издадени по повод обновувањето на манастирот посветен на свети Ѓорги, што бил по течението на реката Серава, е речено: „Катлановското Блато и е подарено на црквата Св. Горѓија, со ловиштето за риби и другиот дивеч”. Во грамотата е забележан и текстот: „Кој ќе влезе во ловиштето без игуменово одобрение да биде проклет од Бога и да плати 8 перпери во државната каса”.
- Катланово бања– донација на Италија Се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска висина од 230 m. Од Скопје е оддалечена 25 km. Во околината на бањата има повеќе топли и ладни минерални извори, додека бањата со вода се снабдува од една дупка што дава 1,5 l/sec, со температура на водата од 40°С. Водата содржи најмногу натриум, калциум, хлор, сулфати и хидрокарбонати. Во бањата со успех се лекуваат повеќе видови ревматични заболувања, болести на половите органи, бубрезите и мочните патишта, нервни, кожни и болести на дишните органи. Денеска во бањата постојат хотели и неколку одморалишта. Изградена на местото каде што во лековитите води уживале старите Римјани, Византијците, турските великодостојници.
- Катланово – Извор Се наоѓа во долината на рекатата Пчиња, северно од село Катланово. Интересно е што сите извори се разликуваат како по издашност, така по температурата и по хемискиот состав на водата. Освен тоа кај посетителите посебно внимание побудува начинот на појавувањето на термоминералната вода, бидејќи на некои места таа се јавува од самата пукнатина која се протега во должина од околу 350м. Просечната температура на водата е помеѓу 40-500С. До сега се утврдени 3 вида на термоминерални води и тоа: Сулфурни, алкално-јаглени и ладни земноалкани накисели води. Таквиот разноврсен и мошне сложен хемиски состав на овие води дава можност во нив да се лекуваат повеќе од 10 вида заболувања на човечкиот организам. Меѓу нив особено со успех се лекуваат повеќе врсти на реуматични заболувања, потоа женски болести, стомачни болести, хронични заболувања на бубрезите и друго. Никаде на Балканскиот Полуостров, а можеби ни во Европа, термалните појави не се така пристапни за разгледување и никаде не е така видлива врската помеѓу водата и пукнатините како овде.